Романот на годината за 2023 г. „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска утре (15 август) ќе има промоција во Кавадарци во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ со почеток во 20 часот.
Промоторка е Виолета Танчева-Златева, а ќе присуствуваат и претставници на Фондацијата „Славко Јаневски“, како организатор на доделувањето на една од најпрестижните награди за проза кај нас, наградата „Роман на годината“.
„Критиката веќе се огласи за многузначноста на ова прозно остварување на Димковска. Читателите исто така ја препознаа неговата вредност, а во меѓувреме сите го очекуваме третото издание на романот, нецела година од неговото прво објавување“, велат од Издавачкиот центар ТРИ.
Наградата беше соопштена на 15 март годинава, а во мај ѝ беше свечено врачена на авторката Лидија Димковска, на пригоден настан во Драмскиот театар во Скопје.
Традиционално, по петти пат, на Кавадарци му се случува значаен културен настан со претставување на актуелниот роман на годината.
Во меѓувреме, слушнете го интервјуто со Димковска по повод добивањето на наградата „Роман на годината“.
Аудио-интервју со Лидија Димковска, авторка на „Единствен матичен број“ кој е Роман на годината 2023