Друштвото на писателите на Македонија во соработка со Унгарското здружение во Македонија на 1 февруари (четврток), во 18 часот, организира промоција на романот „Во пазувите на коријата“ од Никола Јовановски.
За новото книжевно остварување на Никола Јовановски во ДПМ ќе зборуваат Александар Прокопиев и Ставре Џиков. Средбата ќе ја води и прозни фрагменти ќе чита Ленче Смилевска.
Писателот Никола Јовановски во романот „Во пазувите на коријата“ на уметнички начин обработува историски настани од престојот на унгарските бегалци во Крушево во 1956 и 1957 година.
„Во пазувите на коријата“ е прв роман на Никола Јовановски. Тој е автор на осум стихозбирки. Член на ДПМ е од 2000 година.