Промоцијата на седмиот број од стрип магазинот „Деветка“ ќе се одржи во четврток, 29 јули во кафе-книжарницата „Буква“. Со почеток од 2о часот, овој пат во списанието покрај домашни стрип автори од Македонија, ќе има застапено гости автори од Србија и Хрватска.
„Тука се и веќе стандардните текстуални рубрики, „стрип рецензија“ и „интервју“, овојпат со стрип авторот Давор Драмиќанин, како еден од идејните творци на Ајвармен, кој воедно е и тема на бројот“, од издавачката куќа „Стрип Квадрат“.
Оттаму дополнуваат дека на промоцијата ќе има продажни примероци, кои потоа ќе бидат достапни и на сите продажни места за весници и списанија низ државата.