По беровската промоција на стихозбирката „Зборка“, која се случи на книжевниот фестивал „МалеМале“, делото ќе има и скопска промоција.
На 22 август, понеделник, стихозбирката од Тања Аждаја ќе биде промовирана во кафе книжарницата „Буква“.
Промоцијата ќе започне во 19 и 30 часот.
Дебитантското поетско дело на Аждаја е во издание на „Сивејан“.
Таа досега ги има издадено книгите „Гајле cinema” и „Сеир и ништо” во издание на Темплум.
Аждаја како авторка е застапена и во книжевната рубрика #РаскажиМи на Радио МОФ.