Стихозбирките „Малечката Ана“ и „Две сонца“ од поетесата Благица Велковска ќе бидат промовирани утре (6 август), со почеток во 18:00 часот, во НУ Центар за култура Крива Паланка.
Промоторки на стихозбирките ќе бидат Оливера Станковска и Марица Митева Станковска.
Поетесата Велковска досега има објавено 7 стихозбирки и, како што стои во соопштението, уште неколку се во подготовка. „Малечката Ана“ и „Две сонца“ , пак, се посветени на внуката и на ќерките на Велковска.
Промоцијата е дел од Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.