Визуелниот уметник Матеј Богдановски објави нов стрип насловен „Џукела и Пацоф“, а промоцијата за новото дело ќе се одржи во сабота, 16 октомври.
Со почеток од 13 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ за стрипот ќе зборуваат Румена Бужаровска и Мирко Попов, а авторот Богдановски ќе се вклучи онлајн.
Матеј Богдановски минатата година беше актуелен со стрипот „Улица“, работен по истоимената повест на Славко Јаневски и издаден по повод стогодишнината од неговото раѓање.