Факултетското студентското сообрание (ФСС) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, утре (четветок, 10 април) од 13 часот ја најавува промоцијата на првиот број на студентското стручно списание Iustinianus Primus Student Law Review (IPSLR).
Промоцијата ќе се случи во читалната на Правен од 13 часот.
Се работи за издание токму на студентите од „Јустинијан Први“.
„Списанието IPSLR го издава својот прв број после долги години неактивност со цел да се поттикне закоравената студентска наука и мисла и усовршат вештини и знаења кај младите студенти на Правниот факултет“, стои во најавата за настанот.
„Ова издание е резултат на трудољубивоста, аналитичноста и научната љубопитност на студентите проследена со помошта на нашите професори. Вашето присуство ќе биде од исклучително значење, заедно да ја градиме културата на знаење, истражување и академска извонредност!“, дополнува уредувачкиот одбор на „IPSLR“.