Промоција на збирката поезија „Приказна“ од Наде Поп – Гаврилова

Вечерва (2 февруари) во 20:00 часот во Галеријата на МКЦ ќе се одржи промоција на збирката поезија „Приказна“ од Наде Поп-Гаврилова.

За книгата ќе говори литературниот критичар Санде Стојчевски, а стихови ќе интерпретираат поетите Марина Мијаковска и Васко Маглешев.

Промоцијата ќе биде збогатена со учество на Женскиот младински хор на МКЦ, раководен од маестро Сашо Татарчевски.

Наде Поп – Гаврилова е родена 1983 година во Скопје. Дипломира на Филолошки факултет „Блаже Конески“ на Катедрата за романски јазици, италијански и шпански јазик. „Приказна “ е нејзина прва поетска книга. Се јавува и како преведувач од италијански и шпански на расказите: „Апсолутен слух “ од Даниела Дел Дудиче, „Мантилот “од Дино Буцати, „Прирачник за заведување на принцези“ од Хозе Мануел Чема Паз Гаго – препев од шпански во соработка со Фросина Стојковска и Уника и романот „Огнот на животот “од Е.Ј. Албис од италијански јазик.