Збирката раскази „Интимно со пандемијата“ од група автори ќе биде промовирана во сабота (6 август) со почеток во 19 часот и 30 минути во просториите на Културно-информативниот центар „Култура 365“ во Охрид. Промотори на книгата ќе бидат Лилјана Пандева и Мерсиха Исмајлоска.
„’Интимно со пандемијата’ е збирка од 26 раскази од 17 автори, кои ја споделуваат со читателот интимата на главните ликови во време на пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19. Се работи за шаренило на нарации и главни ликови кои заедно сочинуваат еден мозаи, едно дело кое по години би се читало како сведоштво на ова тешко време на пандемија“, се посочува во најавата за настанот.
Книгата беше издадена во 2021 година, посочуваат организаторите и додаваат дека поради тогашните протоколи за пандемија беше промовирана онлајн.