Зборникот на трудови од меѓународниот научен симпозиум „Антево дело“ ќе биде промовиран утре (19 јуни) во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Трудот пред културната јавност во Куманово ќе го претстави, проф. д-р Кристина Николовска, која ќе одржи и беседа за делото и творештвото на поетот Анте Поповски.
„Присутните ќе имаат ретка можност да слушнат и кус рецитал -изворно со гласот на Анте Поповски, но и снимки од негови песни во интерпретација на познати артисти“, се вели во најавата.
Промоцијата ќе започне во 19 часот.