Во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје, утре (12 декември) од 14:30 часот се организира настан – дискусија на иницијативата за „Студентска ЛГБТИ+ инклузија“.
„Темата на дискусијата произлегува од потребата за комплетно и рамноправно учество на студентките/студентите припадниците на ЛГБТИ+ заедницата во сите сфери на општествениот живот, проблемите со кои се соочуваат овие студенти во секојдневниот живот, како и разбивање на митовите и стереотиите околу ЛГБТИ+ заедницата“, велат од иницијативата.
Од таму посочуваат дека поради ситуацијата со Ковид-19, се организира и онлајн пренос на настанот.
„Ве покануваме на сите кои не сте во можност да присуствувате физички, да не следите во живо“, соопштува оиницијативата.
Радио МОФ уште на почетокот на годинава објави дека студентите ќе добијат поголеми простории за студентски предавања за ЛГБТИ инклузија. Мартина Лозановска, член на факултетското собрание и предлагач на иницијативата, рече дека ова е иницијатива од студентите за студентите.