Промотивни видеа од Програмата за зачувување на природата во Македонија ќе бидат презентирани денеска во кино Фросина. Целта на програмата е да се помогне Македонија да ја зачува билошката разновидносот и природните екосистеми преку нивно одржливо управување и користење. Програмата е со активности на национално, регионално и локално ниво, со посебен фокус кон сливот на река Брегалница и Источниот плански регион.
Центарот за развој на Источен плански регион е стратешки партнер на Програмата, а реализацијата на програмските активности е во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, општините кои гравитираат кон Брегалничкиот слив, Агенцијата за планирање на просторот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Шумарскиот факултет во Скопје.
На презентацијата ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири. Најавени се обраќања и на Сибил Сутер Тејада, амбасадор на Швајцарија во Македонија, Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани, Драгица Здравева директор на Центарот за развој на Источен плански регион и Марјана Шушлевска, национален тим лидер на Програмата за зачувување на природата во Македонија.