Во петок (8 ноември) во 11 часот во салата „Т`га за Југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ претставници од студиото за странски јазици „Каста Дива“ ќе подарат 60 примероци од книгата „Пазарот Барсело“ од современата шпанска писателка Алмудена Грандес.
Преводот на делото е реализирано волонтерски од учениците на студиото, а објавувањето на книгата финансиски беше овозможено од амбасадата на Кралството Шпанија во Р. Македонија.
На настанот ќе присуствува и амбасадорот на Кралството Шпанија, Фернандо де Галаинена Родригес.
Алмудена Грандес е современа шпанска писателка чиишто книги се издадени во повеќе од 200.000 примероци и преведени на повеќе странски јазици ширум светот. За своите книги е добитник на бројни европски награди за литература.
Книгата „Пазарот Барсело“ е прво претставување на нејзинето дело на македонската читателска публика. Книгата претставува збирка од 66 приказни, коишто во текот на три години биле отпечатени во неделниот додаток на дневниот весник „Ел Паис“.