Промоција на документарецот Scratching Vinyl – Recycling Plastic

На новоoтворениот сајт centrala.mk беше промовиран краткиот документарен филм во режија на Иван Ивановски со наслов “Scratching Vinyl – Recycling Plastic”. Во продукција на FAMU (CZ) филмот ја имаше својата промоција во прашкиот клуб „Propaganda“ на резидентната вечер на DJ Dimitri from Chair во Прага.


Извор: centrala.mk

Димитри од Чаир / Пикисипи е еден од виновните за ширењето на хип-хоп вирусот во Македонија. Започнувајќи со соработките со С.А.Ф и Чиста Околина, како водител на првата Хип Хоп ТВ емисија „Хип Хоп теза“ се до многу бројните настапи низ клубовите во Македонија и надвор од неа. Веќе некое време Пикисипи живее и работи во Прага.

Иван Ивановски – роден е 1983 во Скопје. Тој изложува од 2006 година. Досега, тој ги претставил своите дела во три поединечни и десет групни изложби на скулптури, цртежи и мултимедијални инсталации. Во 2007 година тој почнува да создадава експериментални видеа и кратки анимирани филмови, како и литературни дела. До денес Ивановски во режија има пет кратки анимирани филмови, а некои од нив се наградени на разни меѓународни филмски фестивали во Македонија, Грција, Србија, Холандија, Малта, Словенија, Босна и Херцеговина, Африка, Италија, Турција и САД.