Вечерва (31-ви март) коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ во Клубот на новинари ќе го промовира краткиот документарен филм „Предозираност од осуди“, по што ќе следи и панел-дискусијата на тема „Стигмата и дискриминацијата на корисниците на дроги“. Почетокот на проекцијата е закажан во 19.30 часот.
Преку искуствата на еден пациент на субституциона терапија, во краткиот документарен филм „Предозираност од осуди“ се прикажуваат проблемите со кои се соочува оваа група луѓе во земјава. Филмот е реализиран од страна на тимот за видeо застапување на ХОПС- Опции за здрав живот.
Панел -дискусијата која ќе следи по филмот ќе биде фокусирана на стигмата на корисниците на дрога во социјалната средина, но и на дискриминацијата врз нив од страна на институциите на државата. Дискусијата ќе ја водат Жарир Симрин, активист за правата на корисниците на дроги, Дарко Костовски, психијатар во Центар за лекување зависности како и Мет Саутвел, меѓународен активист за правата на корисниците на дроги и специјалист за дроги.