Промоција на книга и дебата „Изворите на тоталитаризмот“

Во четврток (16 октомври), со почеток од 12 часот во ГЕМ клуб во Стара чаршија ќе се промовира книгата „Изворите на тоталитаризмот“ од Хана Арент. Промоцијата ќе биде проследена со дебата за постоењето на тоталитарната држава и принципите на нејзиното дејствување.

На промоција и дебата за „Изворите на тоталитаризмот“

Промотори на настанот се Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки, Горан Јанев од Институтот за социолошки и политички-правни истражувања и Соња Исмаил од ФОРУМ – Центар за стратегиски истражувања и документација.

Присутните ќе дебатираат за тоа дали тоталитаристичката држава има своја сопствена суштина и може ли да биде дефинирана и споредувана како другите форми на владеење.