Како дел од обележувањето на 17 Мај- меѓународниот ден за борба против хомофобијата и трансфобијата, „ЛезФем“ организира промоција на книгата „Пристоен живот“ издадена од Лабрис – организација за лезбејски човекови права од Белград.
Книгата ќе ја промовира уредничката на книгата, Драгослава Барзут од Лабрис и Ирена Цветковиќ од ЛезФем.
„Пристоен живот“ е збирка составена од 42 кратки приказни кои ги обработуваат социјалните, емотивните и други односи и врски меѓу две или повеќе жени, релации кои општеството не ги прифаќа. Приказните со лезбејски мотиви доаѓаат од просторот на поранешна Југославија, со исклучок на Црна Гора, Косово и Македонија и се настанати во периодот од 1992 до денес.
По промоцијата ќе следува скромен коктел и дружење. Промоцијата ќе се оддржи во ЛГБТИ центарот за поддршка кој се наоѓа во Старата Чаршија, на адреса: Лазар Танев 57 (спроти слаткарница Охрид).