Ревија на современи кратки и документарни австриски филмови „ЗУМ Австрија“ вечерва ќе се одржи во кафе-ресторанот „Менада“.
ЗУМ Австрија претставува селекција од најновите австриски филмови, збир од најразлични стилови и пристапи од млади австриски режисери.
Селекцијата ќе овозможи запознавање со современата, во голем дел независна и некомерцијална австриска продукција. Понудените филмови генерално не можат да се најдат во комерцијална дистрибуција и затоа ваквата проекција нуди уникатна можност за нивно гледање. Многу од филмовите претставуваат општествено ангажирани приказни, кои одразуваат и се занимаваат со интересни општествени теми и проблеми со кои се соочуваат нашите општества.
ЗУМ Австрија e организиранa од Ljubljana International Short Film Festival (SLO), кој континуирано ја промовира австриската младинска кинематографија во Љубљана, како и во други држави во Европа, вклучувајќи ја и Македонија.
ЗУМ Австрија се организира со поддршка на Австриската амбасада во Република Македонија и австриското Министерство за образование, култура и уметност.
Проекцијата ќе се одржи од 19 до 01 часот по полноќ. Влезот е слободен.