Промоција на новиот албум на „The Reporters“

Вечерва (6 мај ) во Клубот на новинари ќе биде промовиран албумот на македонскиот новинарски бенд „The Reporters“.

Промоција на новиот албум на „The Reporters“

На него ќе бидат објавени седум песни меѓу кои и веќе познатите „Слобода“, „Пушти глас“ и „Глупо време“.

Бендот The Reporters го сочинуваат вокалистот Петрит Сарачини, Борјан Јовановски -тапани, Миле Бошњаковски свири на бас-гитара, Стојан Трпчевски – вокал и клавијатури, Жарко Димитриоски – соло гитара, Драган Антоновски – ритам-гитара. Како гостин на песната „Пушти глас“, дел од тапаните ги свири и новинарот на „Телма“ Панта Џамбазовски, инаку првиот тапанар на „Архангел“. Продуцент на албумот е Трајко Симоновски- Таци.

Промоцијата ќе биде пропратена со концерт и продажба на музичкото ЦД.  Собраните средства ќе бидат дадени во солидарниот фонд на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Проектот е поддржан од Амбасада на САД во соработка со ССНМ и ЗНМ.