Електро-поп бендот Bei The Fish овој понеделник (22 април), во кафе-барот „Љубов“, ќе го промовира спотот за песната „Instant Generation“. Промоцијата паралелно ќе се одвива и на музичкиот канал MTV Adria, каде во понеделник вечер во 20 часот премиерно ќе биде емитуван спотот. Видеото е авторско дело на младиот визуелен уметник Ѓорѓи Унковски, кој и претходно соработуваше со Bei The Fish, на спотот за песната „True Story“.