Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во партнерство со Агенцијата за млади и спорт, го промовираа прирачникот за локални младински совети кој треба да претставува практична алатка за младите кои се ангажирани во локалните младински совети но и за општинските службеници ангажирани во овие тела.
Прирачникот има цел да го поттикне локалното учество на младите во овие тела во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.
„Младите се основен дел од општеството и можат да послужат како значајни агенти на промени на локално и национално ниво. Млади жени и мажи мора да заземат место на маса кога разговараме за прашања од нивен интерес. Ние мора да ги слушаме, да ги зајакнеме и да ги направиме дел од решението“, рече на промотивниот настан шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.
Прирачникот содржи практични чекори како да се воспостави локален младински совет, улоги и одговорности и за општинските службеници и за членовите на младинскиот совет и за процесот на примопредавање помеѓу раководството во заминување и новото раководство.
Подготвен е на македонски јазик и преведен на англиски, албански, турски, српски и ромски јазик. Прирачникот може да го преземете од следниов ЛИНК.