Конгонафон кели е името на претходник на диносаурусот кој американските археолози неодамна го пронајдоа, пренесува Гласот на Америка. Суштеството било долго околу 10 сантиметри, или помало од денешен мобилен телефон.
Според американската Национална академија на науки, суштеството било претходник на диносаурусите и летечките птеросауруси.
„Некои од нив денес би биле навистина слатки животни. Но, се работи за возрасно, пораснато суштество. На тоа укажуваат оние специфични годови кај коските“, вели Кристијан Камерер, палеонтолог од Музејот за природни науки во Северна Каролина и одговорен за новите истражувања.
Овој претходник на диносаурусот имал силни задни нозе со кој се движел низ Мадагаскар пред 237 милиони години и се хранел со бубачки. Оттаму и неговото име, кое всушност значи „мал убиец на бубачки“.
Диносаурусот го доби името „Kongonaphon kely“, а живеел на Мадагаскар пред