Патниците кои сакаат да си го испланираат најмрзливиот одмор досега, добија нова алатка „Google Naps“ – сервис кој ги пронаоѓа скриените места каде што на клупа, плажа или на трева може да се задреме, па дури и поспие во текот на патувањето.
„Naps“ е еден од неколкуте краудсорсинг проекти кој дозволува преку Google Maps да се најде најблиската точка за дремка. Местата варираат од јавни плажи, клупи, библиотеки па се до тревници, а се споменува и „фактот“ дека супер – дремачите не се плашат ниту од крлежи ниту од урина од домашни миленици.
Проектот го почнаа двајца Холанѓани, Venour и Kakhiel, кои сепак се свесни за интересот на Google во целата приказна, па поради стравот од можни последици во однос на легалноста на нивната работа пишуваат:
„Драги Sergey & Larry (и другите Гуловци), ве молиме да не се лутите бидејќи ова е само шега, пародија. Ние не сакаме да му наштетиме на вашиот бренд, ние само сакаме да донесеме насмевка на лицата на фановите на Google. Затоа, ве молиме да не не тужите, имаме само по неколку илјади евра во банка“.
Сепак , ако бидат тужени и ги изгубат своите домови, тие сепак ќе можат да ја искористат својата интернет алатка за да пронајдат место за спиење.
Ова на пример е Њујорк и клупите, како покрај реката, така и во Централ парк.
Местата за дремка во Вашингтон пак, зависат од серизноста со која лицата кои додаваат точки за спиење му пристапиле на проектот.Овде има навистина одлични места за дремка и за следење на мечовите во шах во Dupont Circle, но не помалку добри се и тие во Meridian Hill Park, пишува Тheatlanticcities.