[Инфографик] Кој земаше највисока, а кој најниска плата во август

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесува 41.097 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоците, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 112.9.

Ваквото зголемување, како што велат од ДЗС, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите образование (18.9%), уметност, забава и рекреација (18.8%) и јавна управа и одбрана; задолжително
социјално осигурување (17%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите уметност, забава и рекреација (5.3 %), земјоделство, шумарство и рибарство (4.2 %) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.2%).

Разликата меѓу највисоката и најниската плата во август изнесува 70.400 денари.

Ние подготвивме визуелен приказ од десетте најмногу и најмалку платени дејности според последните податоци на статистичарите. Инфографикот може да го погледнете во продолжение: