Просечната нето-плата во јануари била 43.050 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2025 година изнесувала 43.050 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 108.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација 15.6%, административни и помошни услужни дејности 12% и образование 11.4%.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите градежништво 6.6%, преработувачка индустрија 5.4% и финансиски дејности и дејности на осигурување 4.5%.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари пак изнесувала 64.697 денари.