Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај во Македонија изнесувала 41.252 денари, според последниот извештај на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, изнесува 113.1.
„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (19.6 %), Уметност, забава и рекреација (19.0 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16.3 %)“, се посочува во соопштението на ДЗС.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите рударство и вадење на камен (5.7%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4.4%) и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.3%).