Инвентивната изложба „Просторни реадаптации 2.0: Скопската плажа како место за културна практика“ ќе се одржи и годинава на 19 јуни (понеделник) со почеток од 20:30 часот.
„Оваа година ќе се оствари ново pop-up продолжение, ‘Просторни реадаптации 2.0: Скопската плажа како место за културна практика’ со учество на повеќе автори кои имаат цел да ги претстават и иновативно да ги реадаптираат сопствените дела во склопот на скопската плажа, од која што е оставена само металната конструкција како додаток за изложбено поигрување. Покрај тоа, очекувајте да ги погледнете и да ги доживеете овие трансформации на просторот од автори кои третираат разновидни уметнички дисциплини“, најавуваат организаторите.
Во годинешното второ издание ќе учествуваат Ивана Ќ. Самандова, Ана Ивановска, Доротеј Нешовски, Ертунч Сали, Ненад Тонкин, Озбег Ајваз, Ана Трајковска, Ивана Мирчевска, ОПА, Благојче Наумовски Бане, Кристијан Јовановски.
Изложбата за првпат беше осмислена и одржана лани под името „Просторни реадаптации 1: „Скопската ‘плажа’ како место за културна практика“ секој од уметниците кои учествуваа се претстави со сопствено истражување на односот човек-простор-време-околина, релативитетот кој доаѓа со промената на овој однос, непостојаноста, промената и потиснатите пориви од целосно исчезнување на едно одамна одминато, а за нас речиси непостоечко време