Лични податоци на повеќе од половина милијарда корисници на Фејсбук се појавија на интернет викендов, објави Блумберг, а пренесува Б92.
Информациите што протекоа вклучуваат телефонски број, идентификација на Фејсбук, целосно име, локација, претходни локации, датум на раѓање, е-пошта, приватен статус и биографија.
Чувствителните лични податоци на над половина милијарда корисници на Фејсбук беа објавени на хакерски форум, што претставува потенцијален ризик за милиони трговци со криптовалути и луѓе кои сега можат да бидат ранливи на разни напади преку интернет, тврди Алон Гал, технички директор на фирмата за безбедност „Хадсон Рок“, кој оваа информација ја објави на Твитер.
All 533,000,000 Facebook records were just leaked for free.
This means that if you have a Facebook account, it is extremely likely the phone number used for the account was leaked.
I have yet to see Facebook acknowledging this absolute negligence of your data. https://t.co/ysGCPZm5U3 pic.twitter.com/nM0Fu4GDY8
— Alon Gal (Under the Breach) (@UnderTheBreach) April 3, 2021
Тој тврди дека протекувањето на податоците е поврзано со безбедносна грешка која за прв пат била откриена во 2019 година, а во јануари 2021 година било утврдено дека хакерите исто така можеле да ги користат информациите за пристап до телефонските броеви на корисникот.
Според Гал, информациите сега можат да бидат корисни за хакерите за разни видови измами, но и да служат за маркетинг цели.