Советот на Општина Аеродром го изгласа Деталниот урбанистички план за населбата Лисиче, кој предвидува изградба на нова висококатница во оваа населба. ДУП-от за Лисиче за градската четврт ЈИ 09, блок 09.01 е усвоен со 16 гласа „за“ од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, 11 советници од СДСМ и Левица гласале против негово усвојување.
Иницијативата Да го зачуваме Лисиче за денес од 18:30 часот најави протест пред Општина Аеродром за, како што се вели во повикот, „шверцски изгласаниот ДУП за градска четврт ЈИ09 09.01 за нас. Лисиче“.
Жителите на Лисиче до Општина Аеродром на јавната анкета доставиле околу 230 анкетни листови против изградба на висококатници по должина на булеварот „Србија“ и улицата „12. Македонска бригада“.
Со новиот ДУП наместо девет згради се предвидува една 12-катница. Парцелата на булеварот „Србија“ која е сопственост на фирмата „Голден арт“.
Како што објави МКД.мк, планот добил и позитивно мислење од Министерството за транспорт и врски од досегашниот министер Благој Бочварски од СДСМ.