Протестен марш во знак на поддршка за 11-годишното девојче од Приштина што беше силувано од пет мажи, вчера беше организиран и во Тетово.
Толпа активисти со протесни пароли и пораки што повикуваат на правда и соодветни казни за сторителите, прошета по улицата што води од плоштадот во центарот до зградата на Основниот суд.
„’5 мажи, 7 часа, 11-годишно девојче’, се слушаше гласот на активистите додека се движеа“, пишува порталот Mollëkuqja.mk.
Маршот беше организиран од неколку здруженија во Тетово за, како што посочија некои од организаторите, да покажат дека ја споделуваат болката со сите жртви на насилство и за да ги потсетат институциите да носат соодветни одлуки кога треба да се санкционираат вршителите на вакви дела.
Изминатава недела протести за поддршка на малолетничката од Косово беа организирани во Приштина, Тирана и Скопје.
[Фото] Протести во регионот против силувањето на 11-годишното девојче во Приштина