Активистки лути поради намалувањето на услугите за жртвите на семејно насилство одржаа протест за време на филмската премиера на „Suffragette“ во Лондон.
Членки на групата „Sisters Uncut“ легнаа на црвениот тепих на Лестер Сквер за време на прикажувањето на филмот, како дел од демонстрацијата.
Protestors at London premiere of #SuffragetteMovie – they’re angry at cuts to domestic violence services pic.twitter.com/1LOBsTqqis
— BBC Newsbeat (@BBCNewsbeat) October 7, 2015
Од организацијата изјавија дека се додека продолжува насилството врз жените, битката за нивно ослободување не е завршена.
Околу 15 активистки, облечени во црно извикуваа „Наша должност е да се бориме за нашата слобода“, додека на еден од транспарентите пишуваше „Мртвите жени не можат да гласаат“.
Janelle Brown, една од поборниците и дел од групата изјави:
„Ние веруваме дека сите жени кои се справуваат со семејно насилство, треба да имаат пристап до поддршка и сигурност“.
Филмот „Suffragette“ ги опишува почетоците на движењето на членовите на британската група која се борела за жените да имаат право на глас, од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Во филмот играат Carey Mulligan, Meryl Streep и Helena Bonham Carter.
„Sisters Uncut“ се опишуваат како феминистичка група која презема директна акција за услугите за семејно насилство.