Еден човек беше уапсен откако се соблече гол и ги закова своите тестиси за калдрмата на Црвениот плоштад, среде бел ден и пред преплашените туристи на едено од најпосетените места во Русија.
Рускиот уметник Петар Павленски извел необичен настап на 10 ноември – Денот на руската полиција. Потоа прво бил пренесен во болница, по што е приведен во полициска станица каде изјавил дека ова го направил во знак на протест против руската „полициска држава“.
Тој вистински го шокирал туристите на најголемиот плоштад во Москва, но бил и снимен од нив пред да дојде полицијата и да го тргне од плоштадот.
Според дел од руските медиуми, протестот на уметникот е метафора за апатијата, политичката индиферентност и фатализмот во современото руско општество, објави metro.co.uk.
Павленски е познат по своите необични уметнички изразувања во кои секогаш е гол, а неговите екстремитети се секогаш дел од неговите проекти. Така тој неодамна пред руското обвинителство се завиткал во бодликава жица во знак на поддршка на панк групата Пуси Рајот, чија членка моментално издржува затворска казна. Павленски исто така си ја сошил и својата уста пред Казанскиот храм во Москва