Жители на селата околу превојот Буково, денес со протест и блокади на пристапот на камионите на ЈП „Комуналец“, го изразија својот револт поради горењето на депонијата, објави Охриднет.
Оттаму додаваат и дека десет денови депонијата гори, чади и ги труе жителите на околината. Затоа бараат итно да се преземат мерки и да запре палењето на депопнијата, каде надвор од сите стандарди, се фрла ѓубрето од Охрид.
Депонијата како сериозен проблем се споменува и во извештајот на УНЕСКО, во кој се бара нејзино затворање. И според последниот План за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, во перидот мај 2021 до октомври 2023, стои дека треба да се затворат сите непрописни депонии во оваа област, вклучително и „Буково“.