Жителите на општина Карпош за утре (23 јануари) најавуваат граѓански протест против деталниот урбанистички план, за кој организаторите на протестот велат дека донесен сомнително и нетранспарентно.
Протестот ќе почне во 12 часот, на раскрсницата кај „Сити мол“ на булеварот Партизански одреди.
„ Почитувани граѓани на Карпош и цело Скопје, Ве повикуваме да го поддржиме протестот на соседите од Карпош 3 и Тафталиџе 1 за повлекување на штетниот ДУП ! Да бидеме солидарни со нашите соседи и да им помогнеме во зачувување на нивниот животен простор, но и да покажеме дека ова ќе биде нашиот одговор на било чиј обид да се донесе штетен ДУП за било кој дел од Карпош и Скопје“, велат организаторите.