Во недела, 10-ти ноември, невладината организација Гласен текстилец повика на протест за поддршка на текстилните работници.
Повод се барањата на текстилните газди, меѓу кои: продолжување на работното време, укинување на празници за да нема дисконтинуитет во производството и замрзнување на придонесите.
Со протестот ќе се побараат подобри услови за работа, да запре мобингот и покачување на минималната плата.
„Ова е веќе неопходно по скоро 30-годишната експлоатација и не вреднување на трудот! Се гледаме“, стои во најавата за настанот.
Горјан Јовановски и тим волонтери прават систем за пријавување помош за текстилните работници