Во вторник, 20 јули, Коалицијата за унапредување на квалитетот на животот на лицата со попреченост и нивните семејства „Менуваме“ ке одржи протест од Влада до Собрание за да потсети на дискриминацијата кон овие луѓе, како и да побара достоинствен живот, социјална правда, рамноправност и еднакви права.
Освен во Скопје, протести се најавени и во Битола, Прилеп и Охрид.
„Време е…да се вклучиме во општеството рамноправни и еднакви. Време е… заедно да се соочиме со предизвиците… и заедно да ги најдеме решенијата…Време е…да се обединиме во заеднички интереси … и во интерес на сите следни генерации…Да покажеме и докажеме дека и ние … „МОЖЕМЕ! ЗНАЕМЕ! УМЕЕМЕ!“, стои во најавата за настанот кој е најавен за 18 часот.
Од коалицијата повикуваат сите зедно да се обединиме за изедначување на правата на лицата со попреченост, хендикеп, посебни потреби и типичните.