Денеска (20-ти мај) во 18 часот, група ученици и родители најавија мирен протест пред спомен куќата на Мајка Тереза како одговор на одлуката за спроведување на екстерното тестирање во училиштата.
„Ги повикуваме сите ученици, младински и невладини организации, граѓански активисти, родители и професори да присуствуваат на тој мирен собир, како поддршка на иницијативата за укинување на екстерното тестирање“ посочуваат иницијаторите на протестот.
„Не за екстерното, да за нормалното“ е слоганот за најавениот протест.
Истовремено голем број засегнати граѓани се потпишуваат и на електронската петиција со која се бара укинување на екстерното тестирање во 2013-та, а која за неполни две седмици собра над 8 илјади потписи.