Движењето „За заедничка Македонија“ најави протест за одбрана на името на државата и идентитетот вечерва во Скопје.
Протестот започнува во 18 часот, а зборно место е ЕУ Инфоцентарот. Протестниот марш ќе се движи по булеварот Свети Климент Охридски и Димитрије Чуповски , се до Собранието на Република Македонија, каде ќе се протестира до 21 часот. На протестот ќе бидат објавени четирите главни барања како прекин на преговорите со Грција за името, повлекување на законот за употреба на јазиците, повлекување на договорот Заев-Борисов и итно ослободување на притворените и осудените за настаните од 27 април 2017 година во Собранието.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се огради од протестот, но нејзини функционери најавија присуство на маршот.