На 1 февруари (сабота) со почеток во 11 часот ќе одржиме протестен марш низ улиците на Струмица како израз на граѓанско незадоволство од упорното нерешавање на проблемот со воздушто загадување во Струмичката котлина што га истопори Струмица на 7 место најзагаден град во Европа, соопштуваат од „Здрава котлина“.
Место на собирање е во паркот кај Дом на АРМ.
„Од таму по улицата ‘24 Октомври’ почнуваме да се движиме покрај ‘Комуналец’, продолжуваме на улица ‘Младинска’ кај болницата до кружниот тек кај ‘Мавровка’, па по улица ‘Гоце Делчев’ до кружниот тек кај поштата, а потоа по булевар ‘Гоце Делчев’ до раскрсницата кај ‘Глобал’, па продолжуваме по булевар ‘Ленинова’ покрај Основен суд Струмица и маршот ќе го завршиме пред зградата на општина Струмица кај канцелариите на инспекциските служби“, велат од „Здрава котлина“.
Таму еко-активистите ќе се обратат на јавноста за нивните пораки и барања до локалната и централната власт. Како што најавуваат, ќе ги посочиме нештата што мора да се променат и во името на сите ќе искажат конкретни и прецизни мерки од кои ќе нема отстапување.
„Пресудно е да се врши јавен притисок и тоа е најефективно во отсуство на резултати кои со години ги чекаме да ситигнат. Она што досега добивме се полни болници и жални вести. Струмица не смее да остане 7ми најзагаден град во Европа и токму тоа зависи од сите нас! Ова е исклучиво граѓански протест и секакво јавно истакнато партиско одбележје или симбол ќе биде отстрането од страна на редарите. Излезете на протест за вашите најмили!“, стои во најавата на протестот на „Здрава котлина“.