Со знамето на Европската унија и на Америка и пораки како „Мафијашка влада“, „Слободна Унгарија, слободен интернет“,повеќе од 10 000 луѓе во Будимпешта вчера бараа да се укине предложениот данок за користење на интернет, пренеси Асошиетед Прес.
Thousands of protesters in #Hungary #Budapest are demanding a halt to a proposed Internet tax http://t.co/4onadSSUUn pic.twitter.com/8YBwN1VAVr
— Saqib Masood (@SaqibMasoodPK) October 27, 2014
Толпата маршираше од седиштето на десничарската партија Фидес на премиерот Виктор Орбанс оставајќи искористени тастатури пред влезот во знак на протест.
Атмосферата станала тензична откако припадници на специјалната полиција ја опколиле зградата каде демонстрантите скршиле неколку прозорци.
Претходно илјадници демонстранти излегоа со своите смартфони пред министерството за економија во знак на неодамнешните продемократски протести во Хонг Конг.
„Нема да има данок за интернет… ќе го спречиме тоа“ извикувала толпата.
„Ако данокот не се укине во рок од 48 часа, ќе се вратиме“, викале демонстрантите.
Во вторникот, унгарскиот министер за економија, Михали Варга ја објави цената од пола евро за еден гигабајт интернет. Данокот треба да помогне да се подобри буџетот за 2015 откако Унгарија важи за една од најзадолжените нации во Европската унија.
Премиерот Орбан е критикуван дека сака да спроведе авторитаризам, односно да ги ограничи критичарите на владата кои најмногу ги користеле онлајн медиумите.
Други пак, сметаат дека ова ќе им наштети на помалите бизниси и на луѓето од посиромашните области кои нема да се во можност да пристапат кон информации и едукативен материјал.
Извор: Yahoo