Авиокомпанија во Саудиска Арабија го изведе првиот лет во земјата со целосно женски екипаж, изјавија вчера официјални лица, опишувајќи го чекорот како пресвртница во еманципацијата на жените во кралството, јави „Ал Арабија“.
Летот управуван од компанијата „Флајадил“ полета од главниот град Ријад до крајбрежниот град Џеда во четвртокот, посочи портпаролот на компанијата Емад Искандарани. Помеѓу „мнозинството“ од седумчлениот екипаж кои беа Саудијки, имаше и жена од друга земја, рече Искандарани.
https://twitter.com/flyadeal/status/1527734055290253320?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1527734055290253320%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fenglish.alarabiya.net%2FNews%2Fgulf%2F2022%2F05%2F21%2FSaudi-airline-flyadeal-hails-first-flight-with-all-female-crew-
Управата за цивилна авијација на Саудиска Арабија, која ја потврди најавата на компанијата во саботата, промовираше проширување на улогите на жените во воздухопловниот сектор во последниве години.
Во 2019 година, властите го најавија првиот лет со Саудијка копилот.
Саудиските власти се обидуваат да направат брзо проширување на воздухопловниот сектор што ќе го претвори кралството во глобален центар за патување.