Прв онлајн курс за развој на млади на Младиинфо

Во тек е првиот онлајн курс за младински развој „Откриј се себе си: изгради кариера и направи импакт“ (Discover Yourself: Build a Career and Make an Impact), подготвен од Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал од Македонија и нејзините партнери. Курсот, прв од ваков тип кој обединува методи од неформалното образование и зад кој стои организација од регионот е пласиран на популарната платформа Ајверсити (www.iversity.org), која има повеќе од 700,000 членови од над 220 земји. Организиран е во четири поглавја: личен, професионален, општествен и одржлив развој, а вкупното времетраење е 4 недели. Заинтересираните за курсот може да се пријават на следниот линк.

Преку лекциите замислени како видео презентации и дополнителните материјали и задачи, младите луѓе ќе може да ги откријат своите вредности, да утврдат како нивните вредности и ставови се поврзани со изборот на кариера, да научат како да бидат вистински професионалци – успешни во својата работа, како и да се стекнат со вештини и алатки за да помогнат на заедницата која ги опкружува (преку работа на проекти, мобилност, волонтирање, донации и слично). Идејата на курсот е преку практично знаење и споделување на лично искуство, да им се помогне на младите луѓе да се изградат во одговорни личности спремни да ја унапредат заедницата и општеството во кое живеат. Предавачи на курсот се младински работници со повеќегодишно искуство во младински активизам и развој од Македонија и Словачка.

Во проектот се вклучени и организациите Mladiinfo Slovensko од Словачка, како и The Global Experience од Германија, а истиот е поддржан од Европската програма Еразмус Плус и Националната агенција за европски програми и мобилност.

Повеќе информации за проектот можете да се најдат следниот линк.