Македонското студентско етнолошко – антрополошко друштво (МСЕАД), заедно со Институт за етнологија и антропологија, Природно-математичкиот факултет и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ претстојниот викенд (7-8 ноември) го организира првиот студентски фестивал за етнолошки филмови – ETNOFF.
Во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани дваесетина куси филмови со оваа тематика, од автори од десетина земји. Во недела (8 ноември) во Институтот за етнологија и антропологија ќе се одржи тркалезна маса на која ќе учествуваат авторите на филмовите.
Програма на фестивалот:
7 ноември
ОТВOРАЊЕ, 10.00ч
„Ќе ти исплетам приказна“ (Петра Хамер и Ана Павлиќ, Хрватска)
10 минути
Анализа на родовите односи во животот на една жена, која го опишува нејзиниот идентитет во две различни земји и два различни социјални статуси. Тоа е приказна која може да ја раскаже речиси секоја жена – филмот се обидува да прикаже како родовите релации се елементи на репродукција на социјалните односи и оттаму служат за легитимизација на општествената моќ.
„ГастроНомади“ (Анабел Хуијбом, Холандија)
19 минути
Филмот ги истражува прашањата на миграцијата, припадноста и храната во специфичните околности во кои се наоѓаат пет жени-мигрантки од различни делови од светот, кои сега живеат во Лондон. Тие работат за Мази Мас, ресторан кој им овозможува вработување на мигрантките и жените-бегалци, поттикнувајќи ги да готват храна од нивните сопствени земји
„Децата“ (Арбер Јашари, Косово)
15:14 минути
Необичната рутина на пет деца од основно училиште во селото Плитковиќ, во срцето на Косово. Преселбата на цели семејства од руралните области кон големите градови се случи во првите години по војната од 1999. Филмот се обидува да ја увиди само едната страна од овој поширок феномен.
5 минути пауза
„Шареноликост од семејства“ (Елунед Зое Аино, Чешка / В.Британија)
36 минути
Повеќеслојниот документарец го истражува начинот на кој ги раскажуваме приказните кои ни се нам раскажани и како избираме да ги пренесуваме понатаму. Интервјуа и импровизирани раскажувачки сесии со пет семејства се комбинирани со паралелни архивски снимки за да создадат забавна и интимна анализа на релевантноста на бајките за модерниот живот.
„Алмут“ (Лејла Хопе, Зое Аино, Ком Ледесерт, Германија)
10 минути
Алмут е средовечна жена која заработува собирајќи шишиња од улиците на Берлин, за 2-3 евра дневно. Додека таа не води на тура низ нејзината населба, сфаќаме дека во неа има повеќе отколку што изгледа на прв поглед. Во текот на филмот ја дознаваме нејзината приказна, нејзината филозофија и перцепцијата на градот, преку снимки кои ги прави самата.
„Крстосници на културата“ (Реља Пекиќ, Србија)
13:08 минути
Авторот ги реконструира сопствените теренски податоци кои се однесуваат на фестивалот Гуча од август 2013. Тоа е обид за креативно и субјективно истражување на еден необичен настан во Србија, преку симболите на „српството“ и врската на човекот со музиката.
20 минути, кафе/чај пауза
„Направено во Индија“ (Наташа Рахеџа, САД / Индија)
26 минути
Илјадници капаци за канализација се лоцирани на улиците на Њујорк. Разоткривајќи ни ги секојдневните предмети во ново светло, овој краток филм е и поглед во тоа како, каде и кој ги произведува овие капаци.
„Пролет во лето“ (Вања Ристиќ, Србија)
08:24 минути
Поетична приказна за навиките, луѓето, градот, разликите, интеракциите, поврзаноста и сличностите. Навидум приказна за една чешма во Призрен за време на Рамазан. Опсервацискиот пристап носи многу слики во кои се забележани и се кријат различни теми кои поттикнуваат на потанамошно размислување.
„Нежни бакнежи тешко се наоѓаат“ (Инес Понте, Португалија)
21 минута
Моите баба и дедо се знаеле од деца. Иако со различни карактери, нивната блискост се градела со текот на времето. И преку малите епизоди од нивниот секојдневен живот, како и низ долгото траење на нивниот век.
„Белата карпа“ (Владимир Михов, Александар Саркизов, Бугарија)
06:21 минути
Приказната за тн. „пирамиди“ во селото Стоб во Бугарија, кои се познати по нивната голема природна убавина, но и по мистериите и легендите кои се плетат околу нив.
„Приказни од планината Пирин“ (Мартин Дангов, Бугарија)
07:21 минути
Црквата во селото Пирин е многу важна локација за неговите жители. Тоа е стара и убава градба која ги обединувала во добро и во зло.
14:00 – 16:00 Пауза за ручек
Втор дел – Македонски блок, почеток 16:00ч
Институт за етнологија и антропологија, УКИМ, Скопје
„Она што сум го видела не можат да ми го сокријат“ (Наташа Чакаровска, ИЕА, Македонија)
16:20 минути
Приказната и спомените на Нада од Мариово, која во текот на Втората светска војна имала 5 години.
„Премин“ (Филип Јорданов, ИЕА, Македонија)
33 минути
Компаративна анализа на феноменот на постот преку перспективата на различни религии и нивните претставници во Македонија. Тие зборуваат за врската помеѓу телото и умот и духовните ефекти на (не)консумирањето различни видови храна, како и за постењето како етичка категорија.
„Како студентите по етнологија ја вршат нивната теренска работа?“ (Магдалена Таневска, ИЕА, Македонија)
13:40 минути
Поглед на една генерација студенти по етнологија за тоа како ја вршат нивната теренска работа, соочувајќи се со различни проблеми, како и забавувајќи се.
„Налбатот од Кратово“ (Александра Гавриловска, Наташа Чакаровска, ИЕА, Македонија)
11:10 минути
Процесот на потковување на коњ, снимен во текот на теренски престој во Кратово.
10 минути кафе / чај пауза
Факултет за драмски уметности, УКИМ, Скопје
„На точак“ (Горјан Атанасов, ФДУ, Македонија)
16:20 минути
Грдата ситуација со која се соочуваат велосипедистите во Скопје, и приказната за група луѓе кои сакаат да ја променат.
„Направи сам“ (Андреј Георгиев, ФДУ, Македонија)
15:49 минути
Приказната за скопските скејтери, кои се соочуваат со различни пролеми сакајќи да се занимаваат со нивното омилено хоби.
„Зелени ѕидови, црна храна“ (Сандра Ѓоргиева, ФДУ, Македонија)
17:38
Ужасните услови во кои живеат студентите во најголемиот студентски дом во Скопје, Гоце Делчев.
08.11.2015, локација: Институт за етнологија и антропологија (ПМФ, во зградата на Институт за хемија)
12:00ч
Тркалезна маса: „Влијанието на новите технологии врз создавањето, промоцијата и дистрибуцијата на етно-антрополошките документарци“
Учесници: Автори на филмовите презентирани на Фестивалот и други заинтересирани студенти и професори
Модератор: проф. Илина Јакимовска, ИЕА