Од 11-ти до 22-ри јуни ќе се одржи првиот „Турнир во мал фудбал на граѓански организации“ . Младите можат, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и општина Ѓорче Петров и во соработка со Младинскиот образовен форум и Сојузот на извидници на Македонија како организатори на настанот ги покануваат сите граѓанските организации од целата држава да пријават екипа и да учествуваат на овој турнир.
Натпреварите ќе се одржуваат во салата во Христо Батанџиев -Ново Село (Општина Ѓорче Петров), во перидот од 18:00 до 22:00 часот. Една организација може да пријави само една екипа.
За учество на турнирот секоја екипа треба да поднесе котизација од 2000 денари. Собраните средства ќе бидат наменети за поддршка на гладни преку
здружението „Банка за храна“.