Првата самостојна изложба на фотографии од Сашо Саракинов ќе се отвори во сред (24 јануари) во Уметничкиот центар „Арт Хаб“ во 19:30 часот.
„На фотографиите се претставени едноставни настани видени од поинаков агол, со интензивна боја и нагласена форма вклопена во една композиција. Фотографиите го отсликуваат моментот на настанот со нагласен архитектонски израз на она што се прикажува. Забележани се настани и објекти кои не’ опкружуваат во секојдневието, а сепак имаат многу што да кажат и да го свртат вниманието на гледачот“, се вели описот.
На изложбата ќе бидат претставени триесетина фотографии од Саракинов. Таа ќе биде отворена до 2 февруари.