Првата Скопска музичка конференција ќе се одржи на 13 декември во Младинскиот Културен Центар.
Конференцијата ќе претставува целовечерен денс настан, каде по 10 години, повторно ќе може да се погледне настапот на еден од креаторите на лондонскиот тек хаус звук и миленик на скопската публика од 90тите, Dave Mothersole, информираат организаторите.
Истата вечер ќе може да се ужива и во музиката на Швеѓаните Cotton Ferox кои се соработници на Psychic TV / PTV3 и пуштаат експериментална електроника.
Од локалните диџеи ќе настапат Мирко Попов – PMG recordings, Александар Видиновски – Argumento Music и Нино Наумов. Настанот ќе започне во 23:00 часот, а влезот до полноќ ќе чини 150ден, од 24:00 до 01:00 – 200ден и после 01:00 часот – 300ден.