Кетрин Швицер стана херој на движењата за женски права во 1967 година, откако официјално го истрча Бостонскиот маратон, тогаш исклучиво машка трка.
Регистрирана под името КВ Швицер, нејзиниот пол не бил забележан од организаторите на стартот на трката, но, по неколку километри таа била нападната од бесен судија кој се обидел да ја прекине во трката, создавајќи легендарна слика во историјата на женските права.
Со помош на нејзиното момче, кој го одгурнал судијата, Швицер успеала да ја избегне ситуацијата и да ја заврши трката за 4 часа и 20 минути.
Во понеделникот, на 70-годишна возраст, таа трчаше повторно, завршувајќи со време само 25 минути побавно – 4:44:31.
Швицер, во изјава за СНН, рекла дека трчањето на двете трки оддалечени 50 години било „како ноќ и ден“. А за тоа што го слушала своето име како било извикувано од поддржувачите, таа рекла: „Морам да ви кажам дека тоа беше едно од најубавите емотивни искуства кои сум ги имала. Беше прекрасен момент“.
Таа го носеше нејзиниот оригинален тркачки број – 261 – кој беше повлечен од организаторите на маратонот, во знак на чест, откако ја премина линијата. Само уште еден број бил повлечен од употреба во историјата на Бостонскиот маратон – бројот 61, во чест на исто толку трки кои ги започнал Џони Кели