„Нова“, првиот електричен траект во светот со хидрофоил технологија, започна со крстарење во водите во Стокхолм, Шведска, пишува „Анадолу“.
Електричниот траект е новиот модел П-12 развиен од шведскиот производител „Кандела“ со помош на компјутерски контролирани хидрофоилни крила со цел да може да го подигне својот труп и да „лебди“ еден метар над нивото на водата.
Со ваквиот систем траектот ја намалува потрошувачката на енергија за 80 отсто во споредба со традиционалните пловила преку намалување на триењето на водата.
Според компанијата, технологијата на хидрофоил го прави најбрзиот електричен траект во светот и најбрзиот во флотата на јавниот транспорт во Стокхолм.
Траектот е долг 12 метри, тежи 11 тони, а брзината на крстарење му е 45 км/ч. Има 25 места за седење и простор за велосипеди и колички.