Првиот настан од серијата културни настани „Родот и градот“, насловен како „Машкиот поглед на родовата еднаквост“, ќе се одржи на 24 октомври со почеток од 19 часот во Котур.
„’Родот и градот’ е серија настани во кои ќе се разговара на темата родова еднаквост од повеќе преспективи, со особен нагласок на културата и општествените движења“, истакнуваат од Коалиција Маргини.
Поттикнати од потребата за нијансирани и динамични дискусии на темата родова еднаквост помеѓу мажите, се одлучиле првата дискусија да биде токму на таа тема. Разговорот ќе го модерира Ирена Цветковиќ, а панелисти ќе бидат Бобан Карапејовски, Никола Гелевски и Ѕвездан Георгиевски.
Настанот е поддржан од фондацијата „Kvinna till Kvinna“ и FCDO.