Со журка на Средно Водно во „Зеленика“, оваа сабота (2 септември) од 22 часот ќе биде одбележан првиот роденден на „OVC Kolektiv“.
„Првиот роденден и самата манифестација служи како кулминација на првата сезона на журки кои ги организира OVC и самата манифестација служи како мегафон за промоција на електронската музика и уметничкиот развој на млади диџеи“, велат од колективот.
View this post on Instagram
Меѓу најавените на музичката агенда за вечерта се новиот диџеј Mihajlo, потоа диџејката Martina Peneva, Dina од колективот Mousai, но и резидент диџеите на колективот – Petko.ov, Markwon и Chrisot.
Картите за журката може да се купат во претпродажба од 300 денари во Shortbus, но и на лице место на денот на манифестацијата во „Зеленика“ по цела од 350 денари.